Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера во гостувањето во вестите во Сител ТВ, истакна дека од понеделник преку Собранието партијата ќе поднесе закон за укинување на техничката влада, а за предвремени избори нуди договор за една изборна единица, па доколку сака Ковачевски да владее 12 години прво треба да победи на избори.
Сега на потег е СДМ кој треба да се изјасни дали е ова прифатливо
Ќе поднесеме закон кој е веќе подготвен за измени на Законот за Влада, во којшто велиме дека е потребно да се избрише тоа коешто до сега го третираше техничката влада, нека се охрабрат еве Оливер Спасовски нели му го држи стравот на моменталниот премиер, ајде да излеземе на парламентарни избори еве вчера вели дека ќе владеел 12 години, ќе бил премиер кој ќе владее 12 години еве можност во скратен рок 45, до 60 дена да излеземе на предвремени парламентарни избори, порача Мицкоски.
Мицкоски истакна дека треба да се види што мислат граѓаните, дали мислат дека Димитар Ковачевски, Оливер Спасовски и Али Ахмети можат да ја водат државата или треба некоја друга политичка партија и некои други луѓе да ја водат Владата.
Неодговорно е ако молчат, неодговорно е и Маја Морачанин, Павле Трајанов, Љупчо Ѓеоргиевски и Горан Милевски да поддржуват влада којашто е спротивно на желбата на мнозинската заедница во Македонија која политички дава поддршка на друга опција, затоа велам еве ги сите измени на маса, гласајте ги имате можност да одлучувате дали ќе бидете таму каде што сте 12 години или ќе заминете веднаш по тие парламентарни избори, вели Мицкоски.
Мицкоски исто така посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да разговара и за промена на Изборниот законик, односно за отворени преференцијални листи.
Comments are closed for this post.