Откако Владата се изјасни дека нема да бара нова вонредна состојба сите очи се вперени кон претседателот Пендаровски за тоа каква одлука ќе донесе со оглед на загрижувачката состојба со корона вирусот.
Според Уставот, претседателелот може самостојно да донесе одлука за продолжување или за вобедување на вонредна состојба.Членот 125 од Уставот е јасен и вели дека во услови кога Собранието не може да се состави одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на државата и му ја поднесува на Собранието што тоа биде во можност да се состане.
Првата вонредна состојба Пендаровски ја донесе на 18 март, потоа уште една во траење од 30 дена, и последната од 14 дена која истекува во недела. Сите беа на барање на Владата.
Тој потребата за вонредна состојба ја правдаше со тоа Владата да може да носи уредби со законска сила во ситуација кога Собранието е распуштено и поради големиот број на заразени од корона вирусот.
Сега имаме по алармантни бројки на новозаразени и починати од тие што ги имавме кога почна вонредната состојба. Само последната недела имаме над 1.000 новозаразени, а пак дневно бројката се движи над 100.
Дали овие податоци ќе бидат доволни претседателот самостојно да донесе одлука за продолжување на вонредната состојба или пак ќе се сложи со Владата дека за тоа нема потреба ќе се дознае до крајот на неделата по седницата на Советот за безбедност.
Comments are closed for this post.