ржавната изборна комисија (ДИК) ја очекува официјално Уредбата со законска сила донесена синоќа од техничката Влада, со која се продолжуваат изборните дејствија за предвремените парламентарни избори.

Претседателот на ДИК Оливер Деркоски за МИА вели дека не би сакал како прв човек на Комисијата да ја коментира Уредбата пред да ја види и дека официјално тој и членовите на Комисијата ќе се изјаснат кога ќе ја видат нејзината содржина.

Сепак, Деркоски тој нагласува дека со Уредба не може да се уредуваат норми кои веќе се уредени со Изборниот законик. Уредбата со законска сила, додава тој, трае додека трае вонредната состојба. Деркоски повторува дека нема да дозволи да работи незаконски. Сепак, нагласува дека пред што било друго да каже, ќе чека да ја види Уредбата.

Членовите на ДИК, според информациите на МИА, се во Комисијата и во очекување да ја добијат Уредбата, откако таа ќе излезе во Службен весник, и да одржат средба на која треба да се договорат околу натамошните активности на Комисијата согласно оваа уредба.