Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска ќе има телефонски разговор со Комесарот за проширување Оливер Вархеји. Тема на разговорот ќе биде здравствената состојба во Македонија со корона вирусот, која ќе биде прв услов да се постигне датум за одржување на изборите.

Точно е дека претседателот Христијан Мицкоски има интензивни разговори со партнерите од меѓународната заедница при што ги запознава со нашите аргументи и загриженост за здравствената, политичката и економската состојба. Во текот на денот ќе оствари разговор со комесарот Вархеји-брифираат од ВМРО-ДПМНЕ за „Република“.

Засега не постои договор меѓу власта и опозицијата за одредување на датумот за избори. ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да се брза и дека е лудост воопшто да се размислува за избори во ситуација кога имаме по повеќе од сто заразени дневно и неколкумина починати.

ДУИ пак неофицијално биле за избори на 5 јули затоа што стравуваат дека кон средината на месецот ќе има голем број повратеници од дијаспората кои не им се наколонети. Засега само СДСМ има цврст став дека ибори на 5 јули мора да има.