Загадувањето на воздухот во изминатите два дена во поголемиот дел на Скопје како и во други градови го надмина дозволениот праг.

Властите поради ваквата состојба издадоа само препораки до граѓаните, меѓу кои се користење јавен превоз, правилно користење на печките за дрва и ограничено движење на отворен простор на децата, старите и хронично болните лица.

Ваквата уредба, мислејќи на прагот на информирање, замeник министерот за животна средина Јани Макрадули рече дека зависи од податоците на мерните станици и од метеоролшките услови.

Од страна на МЖСПП, е доставена информација за надминување на прагот на загадување до Институтот за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град Скопје и единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот.

Последните мерења покажуваат концентрации од 200 микрограми во Центар, 198 кај Ректорат, 174 во Карпош, Струмица 211 микрограми на метар кубен, а Тетово 166 микрограми.

Мерки за заштита од загадувањето се активираат согласно уредбата доколку среднодневните концентрации надминат 200 микрограми на две мерни станици во два последователни денови.