ЦИВИЛ – Центар за слобода, изрази згрозување и го осуди нападот, од страна на блиски роднини на градоначалничката Миликије Халими, врз екипата на ТВ 21, кој беше извршен на територијата на Арачиново, откако новинарите снимале граѓани, кои се жалеле на лошата инфраструктура во селото.

Оттаму констатираат дека ваквите акти и противзаконско однесување на насилниците се меѓу главните причини зошто угледот на земјава во меѓународната јавност во однос на медиумите е урнисан.

Слободата на информирање не смее да биде загрозена, а новинарите и медиумските работници не смеат да бидат попречувани во вршењето на својата работа. Тие не смеат да бидат предмет на вербални и физички напади и закани. Фактот што ова примитивно и насилничко однесување доаѓа од структури блиски до политичките фигури е крајно неприфатливо. Затоа, ЦИВИЛ ја поздравува осудата од страна на градоначалничката Халими и ја повикува истата да ги преземе сите мерки во контекст на што поскоро решавање на овој неприфатлив чин на насилство“ велат од ЦИВИЛ.

Оттаму бараат МВР и Јавносто обвинителство веднаш да спорведат ефикасна истрага и сторителите да бидат најстрого санкционирани.

Истоворемено, од невладината потсетуваат на многубројните случаи на насилство врз новинарите, за кои сè уште нема никаква разрешница и велат дека неказнивоста на ваквите постапки, за жал, само дополнително ги охрабрува насилниците во попречувањето на слободата на информирање.