Зоран Заев по средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис  вели дека ја очекува поддршката од Грција во спорот што Македонија го има со Бугарија.

Мислам дека ќе најдеме решение со Бугарија, ни треба помош од Грција, која сега веќе е наш стратешки партнер.

Заев вели декае пријател со Бугарија но оти таа го измислила ова прашање па дури и дека спорот му е смешен.

Ова не е нималку смешно ако се знаат изјавите на Заев по Договорот од Преспа. Минатата година Заев во тв емисија рече дека Бојко Борисов преговарал за Македонија и Грција да постигнат договор и оти тоа го правел „како за своја земја“.

Знам каква поддршка даде кога разговараме со Ципрас за преспанскиот договор.Движеше телефони, разговараше, доаѓаше, директно инволвиран како за своја земја-призна Заев.

Се прашуваме како е можно Заев да бара помош од Грција со чии договор го загубивме името за да помогне да се најде договор со Бугарија која сака да не докусури и да го изгубиме и јазикот и идентитетот?

Чудни некои пријателства.