Со 65 гласа „за“ 18 „против“ и 8 „воздржани“ Собранието го утврди вториот нацрт-амандман за уставните измени, со кои се интервенира во Преамбулата на Уставот и зборовите „Одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ“, како и се додава Охридскиот pамковен договор.

Пратеничката од ВМРО ДПМНЕ Павлинче Честојнова рече дека со договорот од Грција не се обезбедува Уставна гаранција дека Грција ќе ги исполни ветувањата кон Македонија.  Таа истакна дека бришењето на одлуките од АСНОМ е досега најголемото понижување кое некоја власт му го приредила на сопствениот народ.

Бришењето на одлуките од АСНОМ е досега најголемото понижување кое некоја власт им го приредила на сопствениот народ и на сопствената држава. Бришењето на одлуките на АСНОМ  само за задоволување на барањата на Грците кое Грција го има  испорачано уште  до Обединетите нации во 1993 година со објаснување дека АСНОМ е за нив неприфатлив иредентизам “,  рече Честојнова.

Пратеникот Томислав Тунтев, рече дека државата со ново име не губи ништо и не станува нова држава.

Како може да се избришат одлуките на АСНОМ. Ништо не се брише со тоа што се става прогласот. Единствено се брише, затоа што во него стои дека македонскиот народ треба да се обедини. Тоа е причината и ништо не се губи, во прогласот се содржани сите одлуки од АСНОМ – рече Тунтев.

Претходно пратениците го утврдија и првиот нацрт-амандман за промена на името од „Република Македонија“ во „Република Северна Македонија“.