СДСМ реагира на прес – конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоиковски. Тој денеска обвини за проект “Мрежа” во кој по роднинска и пријателска линија биле вработувани луѓе блиски на сооцијалдемократите.

Лицмерното ВМРО-ДПМНЕ вработуваше луѓе во институции преку тефтери и лотарии, денес за сите важат еднакви услови за вработување Нема крај на лицемерието на антинародното раководство на ВМРО-ДМПНЕ, партијата симбол на партизација, злоупотреба и притисоци врз администрацијата. Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ денес да зборува за партизација на инстутциите, кога тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ што од Министерството за внатрешни работи направи ВМРО-МВРО по признание на тогашната министерка од нивните редови. Тоа е истото ВМРО-ДПМНЕ кадешто никој друг, туку директно нивниот поранешен претседател ургирал за „заслужени“ вработувања на членови, за што јавноста дозна преку доказите објавени во судските рочишта, се вели во реакцијата на СДСМ.

Од СДСМ додаваат и дека сите процеси на вработувања се транспарентни, според јасно утврдени законски услови и за сите лица важат еднакви критериуми.