Десетици демонстранти предводени од братот на Ел Чека денеска протестираа во Тетово против ДУИ. Тие не успеаја да дојдат до седиштето на ДУИ во Мала Речица и да им кажат на раководството на партијата предводена од Али Ахмети да си оди, бидејќи беа спречени од полицијата.
Братот на Ел Чека , Блерим Ахмеди рече дека преку овие протести бараат одговорност од ДУИ и СДСМ, како и меѓународна истрага за судските постапки.
Ахмеди, за ТВ21, изјави дека полицијата ги предупредила дека може да се случи инцидент и дека тие нема да носат одговорност.
Тој тотврди дека полицијата не им дала дозвола да протестира пред седиштето на ДУИ, тврдејќи дека е јавно место и им рекле дека би можело да има судир меѓу нив и симпатизерите на ДУИ.
Добивме информации дека многу од луѓето кои тргнaле од Кичево, Куманово, Струга добиле закани од полицијата од Полициската станица Тетово и дека биле блокирани на неколку места и не можеле да дојдат. И на мене ми се закануваше полицаецот Али Касами. Тој ми рече: Кој си ти да дојдеш од Кичево, за да организираш протест во Тетово?“, изјави Блерим Ахмети, братот на Ел Чека за медиуми на албански јазик.
Comments are closed for this post.