Пратеникот во оставка Павле Богоевски, се огласи откако комисијата за мандатно имунитетни прашања на денешната седница го изгласа предлогот да му се одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Богоевски е претседател на комисијата, но не ја водеше  седницата бидејќи е во оставка.

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го изгласа Предлогот за одземање на мандатот на Никола Груевски. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа, иако беа присутни во салата. Останува да видиме дали доволен број од нив ќе имаат сила да се одречат од својот пастир на пленарната седница, каде се потребни 80 гласа ЗА одземање на мандатот на почесниот претседател во бегство. Според Деловникот, за мандатот на НГ треба да се расправа на наредната пленарна седница. Писмото за престанок на мојот мандат ќе го заверам во службите по гласањето, без разлика на исходот“, напиша Богоевски на „Фејсбук“.

Богоевски поднес оставка минатата по скандалот со аудио-снимка за која тој тврди дека нарачува масло од канабис.