Поистоветувањето на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите простотилук и фашизам, се тешки квалификации за кои Петре Шилегов мора да се извини. Ова е последно предупредување пред поведување на  постапка против него пред надлежните институции, изјави членот на ВМРО-ДПМНЕ и советничка во Град Скопје, Јелена Жугиќ.

Според неа, Шилегов е олицетворение на целата некултура на СДСМ, а деновиве од позиција на градоначалник на Град Скопје јавно искажа говор на  омраза и нетолерантност кон партијата ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното членство.

Поистоветувањето на ВМРО-ДПМНЕ со зборовите простотилук и фашизам, се тешки квалификации за кои Шилегов мора да се извини, ова е последно предупредување пред поведување на  постапка против него пред надлежните институции.

Нервозата на Шилегов е очигледна,  но навредите нема да ја сокријат неговата неработа и неспособност да ги решава  проблемите на скопјани. Од тоа што Шилегов не е веќе потпретседател на СДСМ, скопјани не добиваат апсолутно ништо. За да му тргне на Скопје, Шилегов треба да си поднесе оставка од градоначалник, рече Жугиќ.

Според неа, скопјани се незадоволни од работата на градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот на СДСМ и токму затоа тој мора да поднесе оставка и тоа веднаш.