Додека не ја добијат одлуката од судот, Општина Центар не се откажува од мораториумот за градба кој вчера Уставниот суд привремено го укина на вкупно 31 ДУП на територијата на општината.
Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ апелираше до Уставниот суд за 30 дена да ја преиспита одлуката и да ги земе предвид новите ДУП-ови кои се донесени и се од придобивки на граѓаните. Апел упати и до коморите да ја повлечат иницијативата доставена до судот и да дозволат да се спроведат измените кои ќе бидат во корист на сите.
„Без да бидам тенденциозен, сè ова е малку чудно“, рече Богдановиќ кој посочи дека при првото носење на мораториумот имало неколку иницијативи до Уставниот суд во кои како општина дале соодветен одговор и немало никакво разгледување скоро цела година, а на втората иницијатива, вели тој, има одлучување на Уставниот суд во рок од два месеци.
Градоначалникот Саша Богдановиќ се правдаше дека целта на носењето на мраториумот била да се спречи лошото спорведување на деталните планови. Дека успеале во тоа, Богдановиќ како пример ја посочи одлуката од минатата недела на советот на општината за плановите „Мирче Мацан“ и „Ново Маало“ каде јасно биле покажани разликите во ревидирање на плановите кои сега во целост одговараат на потребите на граѓаните, со бришење на објекти, згради и хотели на сметка на паркови и зеленило.
Судиите од Уставниот суд на вчерашната седница ја прифатиле иницијативата да ја разгледуваат законитоста на одлуката за мораториум што ја донесе Општината во декември. Тие донеле привремена одлука со која се укинува мораториумот додека да се донесе конечна одлука дали тој е уставен или не.
Comments are closed for this post.