Здружението на граѓани за промовирање на здрав начин на живот „Мое здравје“ – Скопје организира бесплатно мерење на вкупни масти, шеќер во крвта и крвниот притисок што се одржува во Градскиот парк од 11 до 14 часот.

По повод Светскиот ден на борба против пушењето, сакаме повторно да организираме отворени штандови на бесплатно мерење на вкупни масти, шеќер во крвта и крвниот притисок од стручни тимови како, давање совети за подобро зачувување на здравјето, како и поделба на овошје на секој минувач во замена на запалената цигара или отпушок во нивната рака – велат организаторите.