Околу 4.000 бегалци чекаат да влезат во Грција пред граничниот премин Кастанас.Овој премин се наоѓа кај реката Еврос. Мигрантите во Грција доаѓаат од Турција откако оваа земја реши да ја подигне рампата за стотиците илјади бегалци кои се наоаѓаат на нивна територија.

Лесно може да се случи за неколку денови овие беглаци да дојдат и пред македонската јужна граница доколку грчките власти ги пропуштат.

Во меѓувреме се заоструваат односите меѓу Грција и Турција, откако Грција стави вето на одлуката на НАТО за поддршка на Турција за состојбата во Сирија.