Првиот телевизиски дуел меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на СДСМ Зоран Заев се одвиваше динамично и со жестоки дебати околу за состојбите во Македонија, од правосудството и Законот за јавно обвинителство, преку парламентарните избори, рефрмите, економијата…

Мицкоски имаше директен и одлучен пристап, во кој неколкупати напомена дека ќе биде непристрасен и неприкосновен во борбата против криминалот како иден премиер.

За вмешаноста на власта на СДСМ во извршната во судската власт, Мицкоски директно му посочи на Заев дека по 12 април ќе одговара.

Барате амнестија за вас и вашите соработници после 12 април. А јас ве гледам директно во очи и ви кажувам, сите, вклучително и јас, кои се огрешиле пред законот, кои што барале евро за евро, кои што интервенирале кај судии, кои злоупотребиле моќ ќе одговараат. Сите за кои што постојат докази да бидат изведени до крај, до крај господине Заев, но овој закон тоа не го одобрува како за вас, така и за оние околу вас. Ќе одговарате господине Заев. Ќе одговарате, му порача Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека се чуди на конфузната изјава на Заев кога вели дека не се согласува дека имале три години за реформа во правосудството, кога тој лично го водел телото за реформи.

Многу е доблесно да кажете дека сте погрешиле, рече Мицкоски.

Тој посочи повеќе конкретни мерки на кои како партија ќе се фокусираат после победата на изборите, сè со цел за постабилна и економски поразвиена Македонија.