Во сообраќајка која се случи утринава на раскрсницата кај „Мавровка“, автобус со број 55 се заби во такси возило. Според очевидци, до судир дошло откако автобусот веќе бил длабоко навлезен во раскрсиницата и го закачил такси возилото.

За среќа повредени патници нема ниту во автобусот ниту во возилото, а причината е само материјална штета. Во моментов полицијата врши увид, а на семафорите има голема гужва.