Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски во интервју за „Курир“ вели дека нокаутот до власта од граѓаните ќе дојде на изборите и дека имаме тотален хаос и неработа во секое поле.

 

Македонија го живее своето најцрно време, замислете порано секоја година се натпреварувавме на листата на Дуинг бизнис, сега веќе одиме надоле, и имаме пад во рангирањето, во Македонија не се отвараат фабрики, бизнисот трпи, а гедаме единствено пресметка меѓу олигарсите за фаќање на место под криминалниот чадор на власта. Нокаутот е неизбежен, само треба да се скратат рундите, бидејќи агонијата која ја приредуваат ќе биде поголема вели лидерот за Курир.