Апелација ја одби жалбата на Мијалков за притворот

12.03.2021 / 13:03


Апелацискиот суд Скопје ја одби како неоснована жалбата на Сашо Мијалков во предметот „Таргет – Тврдина“ и го потврди решението за притвор како мерка за обезбедување присуство.

-Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -19/21 познат во јавноста под името „Таргет – Тврдина“ по одржана нејавна седница на ден 12.03.2021 година, донесе одлука со која жалбата на обвинетиот С.М. од С. изјавена преку неговиот бранител ја одби како неоснована, а првостепеното решение, со кое е укината мерката куќен притвор и определена мерка притвор како мерка за обезбедување присуство на обвинетиот, го потврди, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

Вака донесената одлука, како што е посочено во соопштението од Апелацискиот суд Скопје, ќе биде објавена во целост на веб страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков на 26 февруари годинава доби затворска казна во траење од вкупно 12 години за случајот „Таргет-Тврдина“ за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание. Судот одлучи да го прифати предлогот на обвинителката Ленче Ристоска која побара ефективен наместо домашен притвор за Мијалков, до правосилноста на пресудата.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела

пред 3 часа
Македонија

За многу години Успение на Пресвета Богородица

пред 8 часа
Македонија

Mицкоски: Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото

пред 8 часа
Македонија

Дали предлогот на Марта Кос ќе го запре ветото од Бугарија?

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски: Земјоделците ја имаат нашата поддршка, преку механизмите што ни се на располагање ќе сториме сѐ за да помогнеме

пред 1 ден
Македонија

Власта и опозицијата во клинч за Дата центрите

пред 1 ден
Македонија

Koга се работи за својот задник Груби и Бајрами не гледаат во Балансер и Бадентер

пред 2 дена
Македонија

Филипче со нов филм за предвремени избори

пред 2 дена
Македонија

Симов: Да бидеш против дата центар денес е исто како да си против хидроцентрали и енергетска мрежа пред 100 години

пред 2 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: На Рама не му се слуша македонската химна, за Тиранската платформа имаше мерак

пред 3 дена
extrabetAnkara escortparmabet girişEscortes BelgiqueHoliganbetMarsbahisMarsbahisMarsbahisonwinAnkara escortcasibomcasinofast girişcasibomcasibomcasibomcasibomMarsbahisjojobetJojobetpusulabetpusulabetpusulabetHoliganbetcasibomgrandpashabet güncel girişgrandpashabet girişgrandpashabet girişligobetroyalbetjojobetjojobetjojobet girişMarsbahis GirişbetasusJojobetsekabetjojobetLeograndbetCasibomHoliganbetjojobetjojobet girişsekabetmarsbahissekabetmarsbahis girişjojobet giriş