Организацијата за граѓански активизам и независност” која се занимава со анализи, истражувања и граѓански активизам, за сопствени потреби направи теренско истражување од периодот на 1 септември до 9 септември 2021 на репрезентативен примерок на 1.149 испитаници на територијата на целата држава, со фокус на Град Скопје и општините на градот.

При истражувањето се водеше сметка за демографските особености, последните вредности од одржаните избори и карактеристиките на гласачкото тело.

Анализата опфаќа повеќе делови кои ќе се објават во наредниот период. Статистичката грешка е плус-минус 2%. Резултатите од анкетата се користат за потреби и анализи на самиот институт.

Според резултатите од анкетата, најголема доверба меѓу политичарите ужива лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За него се изјасниле 15,9% од испитаниците. Зад него е Зоран Заев кому му веруваат 13,4% од испитаните граѓани.

Потоа следуваат Али Ахмети со 6,4%, Зијадин Села со 5,9%.

Од партиите, ВМРО-ДПМНЕ има најголема предност во рејтингот. За опозициската партија би гласале 19,9% од граѓаните, а за СДСМ 15,7%.