АНКЕТА: Граѓаните поделени – дел очекуваат датум, дел избори

Граѓаните поделени во ставовите дали државата ќе добие датум за отпочнување на преговорите со ЕУ или ќе одиме на предвремени парламентарни избори.

Ако нема позитивна одлука нема да има ниту реконструкција на Владата, ќе се распишат превремени парламентарни избори, а ќе се бара и одговорност за недобивањето датум, појасни пред неколку дена премиерот Заев.

Дел од оние кои се одважија да зборуваат пред камерата на Пресинг ТВ велат дека се оптимисти за добивањето датум за преговори со Европската унија.

„Се надевам дека ЕУ има разбирање, бидејќи се што побараа нашите направија“ вели еден граѓанин.

Друг пак од анкетираните граѓани смета дека ќе има предвремени избори.

„Мое мислење е дека предвремените избори ќе биде побрза процедура отколку датумот за преговори“, изјави за камерата на Пресинг ТВ еден од анкетираните.

Поголемиот дел од нив или немаа одговор или не сакаа да зборуваат пред камерата, особено кога станува збор за политика.

Најнови видеа