Лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, во дебатниот магазин Click Plus на ТВ21, рече дека доколку не добиеме датум за почеток на преговори со ЕУ, ќе се направи техничка Влада согласно Пржинскиот договор.

Села истакна дека на пролет ќе се одржат вонредни парламентарни избори ако се случи тоа сценарио.

Инаку, Брисен денска и утре одлучува за Македонија, а Заев вчера на прес-конференција со Хан побара лидерите на ЕУ да бидат херои, а не пречка и да не ги гасат светлечките ѕвездички за земјава.

Истото го побара вчера и лидерот на Беса, Биљал Касами. Касами изјави дека ако државата не почне преговори со Европската унија, владата треба да даде оставка и веднаш да се распишат предвремени избори.

Ние како Беса се надеваме дека ЕУ ќе се надмине себеси и во интерес на граѓаните на Македонија што поскоро, односно пред Нова година, земјата ќе добие датум за преговори. Доколку државата не добие датум, тоа го кажа и самиот премиер, ова Влада е мртва, треба да се распишат предвремени избори, рече Касами.