Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја повика власта да го покаже пред јавноста документот со 12 точки за кој се разговара со Бугарија и да се појават на дискусија во Собранието.

Време е да се излезе пред јавноста и да се отворат картите.

Ако нема што да кријат, ако не распродаваат, тогаш – ајде господа, охрабрете се, излезете пред македонската јавност и отворете ги картите. Доста е криење, доста е лажење, доста е манипулирање, рече Мицкоски.