Дали може да се случи едно лице да диктира повеќе матични броеви, без да докаже дека тие се резиденти на Македонија, праша Мицкоски.

Според ВМРО ДПМНЕ, попишувањето со терминали за отпечаток од прст е вистинскиот начин за пописот да не биде злоупотребен

Ќе има иницијатива за собирање потписи во Министерството за правда, предлог закон во Собранието за поништување на овој закон кој по насилен пат владејачкото мнозинство се обидува да го донесе, вели Мицкоски.

На вчерашниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ се дискутирало за пописот и било заклучено дека попис е потребно да има, но тоа да биде статистичка, а не политичка операција.
Мицкоски ги наведе Германија, Шкотска, Ирска, Романија и Србија како земји кои го одложиле пописот кој требало да се случи годинава.