Одговорајќи на новинарски прашања по презентацијата на буџетот на МИОА за 2019 година, министерот Дамјан Манчевски потенцира дека ако Македонија не испорача резултати за да добие датум за преговори со ЕУ во јуни, а клучен дел за тоа е реформата во јавната администрација, ќе се ревидира и одлуката за покачување на платите во септември.