Она што подолго време се најавуваше најверојатно и ќе се реализира. Русија ќе бара во Советот за безбедност на Обединетите нации да се расправа за Договорот од Преспа.

Овие пораки Русија ги праќа по разгледувањето на редовниот извештај на ОБСЕ за Македонија.

Мисијата на Русија во ОБСЕ на својот твитер-профил нагласува дека очекува „прашањето за државното име на Македонија да се реши без притисок однадвор и во вештачки услови и тоа решение треба да се заснова на широка јавна поддршка и исклучиво во рамките на правото.

 

Резолуцијата 845 на Советот за безбедност на ОН предвидува највисокото тело на ОН постојано да биде известувано за напредокот меѓу страните.

Засега е нејасно кога и дали воопшто Советот за безбедност ќе заседава по однос на Договорот од Преспа и конечниот договор меѓу Македонија и Грција.