Дали патот во Палермо ќе ги чини функции обвинителката Фатиме Фатаи, министерот Тупанчевски и судијата Нанев напуштање на функциите.Ова прашање се наметнува откако Антикорупциската комисија се заинтересира за начинот на кој се најдоа на стадионот „Ренцо Барбера“ да ја бодрат нашата репрезентација.

Првиот човек на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска за „А1 он“ се прашува зошто споменатите се шокирани од интересот бидејќи Законот за спречување корупцијаи судир на интереси нас дозволува да поставуваат прашања кои што се поврзани со начелото на интегритет на службените лица, коемеѓудругото опфаќа етички норми, одговорно и транспарентно работењеи однесување, потенцијален судир на интереси.

Ние дадовме одговор нановинарско прашање кое гласеше: ‘дали е во ред тие да патуваат бесплатно’; ние рековме: сами нека си кажат кој ги подмирил патните трошоци. Јас не можам да зборувам во име на министерот кој го платил патот или во име на обвинителката. Секој треба сам да си каже. Тоабеше нашата порака. Дека ние не можеме во друго име да даваме одговори“, вели Ивановска за „А1он“.

Она што е очигледно е дека ВИП гостите си го платиле само хотелот, додека влезницата и авионот биле на сметка на ФФМ.

Но не смееле да го прават дури ни тоа. Во Кодексот за етика на судиите е наведено дека не смеат да примаат протоколарни подароци чија вредност надминува 3.000 денари. Се додава и дека судијата е должен во вршењето на судиската функција и активности надвор од судот да развива стандарди на однесување кои придонесуваат за зачувување на угледот и достоинството на судот и судиската професија.

Етичкиот кодекс на обвинителите е уште посторг.Се наедува дека тие не смеат да имаат непримерни врски со законодавната и извршната власт и дека не смеат да ја користат својата службена положба и углед заради остварување на имотна и друга корист и не смеат да примаат подароци и бесплатни услуги, ако со тоа може да ја доведат во прашање нивната непристрасност и објективност