Вчерашната одлука за протерување на петте руски дипломати од Македонија не била самостојно донесена од страна на Министерството за надворешни работи. За тоа бил консултиран и претсдателот на државата, Стево Пендаровски.

-Со оглед на надлежностите на претседателот во надворешната политика и безбедноста, тој е консултиран претходно за вакви одлуки од страна на Владата, односно Министерството за надворешни работи, велат од Кабинетот на шефот на државата.

Руските дипломати, според образложението на МНР, во своите активности во државата не се придржувале на принципите утврдени со Виенската конвенција за дипломатски односи.