Хорот „Мирче Ацев“ од Македонија, по раководство на диригентот Јасмина Ѓорѓеска, се закити со златна плакета во категоријата на мешани хорови на Меѓународниот хорски фестивал во Кишињев, Молдавија.
Хористите во изминатите пет дена беа на турнеја во Молдавија, а од фестивалот во натпреварувачки карактер го освоија најдоброто прво место во конкуренција на хорови од Романија, Русија, Унгарија, Бугарија и Молдавија.
Хористите во натпреварувачкиот дел се претставија со „Орал дедо“ од Драган Шуплевски, „Golema C’ckalica“ од Драгана Величковиќ, „V Molitvah Neusïpayushchuyu Bogoroditsu“ на Сергеј Рахмањинов, „Il est bel et bon“, дело на Пјер Пасеро и „Northern Lights“ од Ола Гјеило.
Академскиот хор постои од основањето на здружението во 1949 година. Од тогаш, па се до денес, хорот опстојува одржувајќи многубројни успешни настапи и освојувајќи голем број на награди на фестивали низ целиот свет.
Comments are closed for this post.