Сликите кои денес ги гледа светот го покажуваат ужасното невреме кое синоќа го зафати Рим. Вечниот град, особено пониските негови делови беа поплавени од реки град. На некои места автомобилите беа целосно потепени.

Температурата за многу кратко време паднала за десет Целзиусови степени па преку ноќ во земјата силниот ветер ја донел зимата, која го зафати и главниот град. За кратко време се било покриено во бело, а некои места изгледале како санти мраз.

Метеоролозите најавуваат дека лошото врме ќе продолжи и во наредните неколку дена, а предупредувања се издадени за неколку региони.