Веројатно нема човек што барем еднаш во животот не се запрашал што треба му шепне на уво на својот/а партнер/ка за да имаат незаборавна ноќ. Бакнежите по вратот и контакт со очите се најчесто работите што најмногу ги возбудуваат луѓето, но има и некои други „волшебни“ зборови што можат да ја „загреат“ атмосферата во креветот.

Едно истражување во кое учествувале околу 2.000 луѓе со цел да се открие што најмногу ги возбудуба луѓето се покажало дека вториот најефикасен начин да го возбудите партнерот е едноставно да му кажете што ви се допаѓа. Дури 76 отсто од луѓето одговориле дека ги возбудува кога партнерот вербално ќе им стави на знаење што му одговара.

Шепотењето на уво е, исто така нешто во што уживаат многумина, како и контактот со очи, а 46 отсто од испитаниците рекле дека ги возбудуваат играчките за возрасни.

Истражувањето покажало и дека постојат одредени разлики меѓу мажите и жените. На пример, поголем број мажи (76 отсто) ги возбудува да и пружат орален секс на партнерката, во споредба со 56 отсто од жените. Од друга страна, речиси една четвртина од жените (23 отсто) велат дека пружањето орален секс на партнерот им го убива расположението.

„Предизвикувањето“ во текот на сексуалните односи повеќе им се допаѓа на жените отколку на мажите, 52 отсто од жените уживаат во тоа во споредба со 49 отсто од мажите.

Постојат и одредени работи што немаат конкретна врска со сексот, но може многу да влијаат на сексуалната желба.

На пример, жените велат дека многу ги возбудува кога мажот мириса добро, а 64 отсто од нив сакаат кога мажот им покажува наклонетост и им става на знаење дека ги цени. Исто така ги возбудуваат и мажи што покажуваат дека имаат самодоверба.

Од друга страна, некои од најголемите „убијци на расположение“ се лошата хигиена, грубото однесување кон другите, јадење со отворена уста, флертување со други, зборување за бившите, премногу зборување, а премалку служање, лошо или невкусно облекување, несигурност, неуредни нокти и недостаток на самодоверба.