Бебињата од афиркански слон повеќе нема да се одвојуваат од мајката како би завршиле во зоолошка градина.

Ова беше одлучено на состанокот во Женева, Швајцарија на кој е одобрена потполна забрана за продавање бебиња од африкански слон на зоолошките градини, пишува БиБиСи.

По расправата која траела неколку дена, претставниците на државите потписнички на Конвенцијата за меѓународна трговија на загрозени видови флора и фауна одлучија да ги заострат правилата.

Европската унија ја поддржа забраната истиот ден.

Предлогот е усвоен со 87 гласови за и 29 против. Против гласале претставниците на Зимбабве, држава која е главен извозник на слонови, како и САД.

Зимбабве и Боцвана, земји со здрава популација на слонови во однос на другите африкански држави, можеа да извезуваат слонови под „адекватни и прифатливи“ услови.

Од Меѓународното хумано друштво велат дека ја „слават заедничката победа“.

И покрај тоа што ЕУ воведе компромиси, ми олесни што законот е усвоен, изјави Одри Делсник, директорка на оваа организација задолжена за грижа на африканските животни.

Таа рече дека раздвојувањето на овие исклучително друштвени животни е „многу трауматично“

Како теренски биолог за слонови, се радувам што обезбедивме победа за сите слонови кои отсега ќе бидат поштедени од страшното искуство на раздвојување на семејствата, појасни Одри.

Некои африкански држави се обидуваа одново ја да отворат темата за трговија со слонови за време на состанокот, тврдејќи дека постојаните залихи – конфискувани од ловокрадците или останатите од веќе загинатите животни, имаат голема вредност, како и дека парите од продажбата би можело да се искористат за заштита на животните.