Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган e во посета на Русија, каде имаше средба со претседателот Владимир Путин.

Тие заедно го посетија најголемиот саем за авијација МАКС, при што најдоа време да се освежат со по еден сладолед, пренесува Гардијан.

Ќе платиш ли и за мене?, го праша Ердоган својот домаќин. – Секако ти си мој гостин, одговори рускиот претседател.