Постојат неколку компании во светот за кои слободно можеме да кажеме дека изработуваат најдобри телефони во светот, но се чини дека добија конкуренција и тоа од Кина.

Станува збор за „ВИВО“, а телефонот ја носи ознаката „Nex 3“. Извесен „јутјубер“ успеал да обезбеди еден тест примерок и останал без текст кога ги видел можностите на телефонот

Покрај врвните спецификации и поддршката за 5Г конекција, „ВИВО“ има една работа која со сигурност на сите ќе им падне во очи, а тоа е екранот.

Како што може да се види од видеот, телефонот има екран кој се спушта по ивиците на телефонот повеќе од било кој друг модел кој моментално може да се најде на пазарот.

Повеќе детали за овој телефон можете да погледнете во видеото.