Од 28-мата седница на Владата: Одобрени 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19 за дополнителни категории граѓани и компании; Одобрени 99 инфраструктурни проекти за 75 општини со 35 милиони евра пренаменети од ТАВ;

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 28-ма седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците  од КОВИД-19 кризата.

Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на  заменикот на претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, во соработка со претседателот на Владата и Генералниот секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.

Со овој најнов КОВИД пакет се опфатени:

•       Естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари);

•       40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение