Не само во првите 100 дена од староновата влада, туку за цели овие 4 години владеење на СДСМ, во културата не е мрднато со прст. Доказ е така, е и фактот што за овие четири години се смениле дури четири министри за култура. Па така, судејќи по ваквиот факт, по се изгледа дека културата била надвор од приоритетите на оваа старо-нова влада за било какви реформи.

Уметниците велат дека не можат да се сетат на ниту еден позначаен проект во културата, не само во делот на капиталните инвестиции, туку и во делот каде требало да бидат поддржани уметиците и културните иснтируции и организации. Но затоа пак владеењето на СДСМ во делот на културата поголемиот дел од граѓаните а посебно уметниците, со леснотија и оправдано го оквалификуваат како немање никакви стратешки определби, целосна дезорганизираност, партизација и злоупотреби на средствата, потенцирајќи дека поставувани се некомпетентни партиски послушници на сите клучни позиции и нивното раководење со институциите е придружено со бројни скандали како оној во Агенција за филм и голрм број други скандали.

Освен нивелацијата на платите и потпишувањето на Колективниот договор, скоро ништо значајно не направија, велат познавачите од сферата ма културата. Додека пак од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека во овие 100 дена нема никаква иницијатива или пак навестување за почеток на некакви проекти во културата. – Не е реализирана ниту една значајна капитална инвестиција во областа на културата, не е изграден ниту еден културен објект, дури и не се санирани и редовно одржувани објектите изградени претходно. Во овие 100 дена нема на повидок никаква иницијатива, ниту навестување од почеток на некакви проекти во културата, ниту пак обид за средување на состојбите. Напротив, имаме влошување, и тоа во делот на конкурсот и конкурсните услови за аплицирање за Годишната програма на Министерството за култура. Наместо да добиеме конкурс со јасна и прецизна форма, критериуми, добивме мешавина од квази-мерки за божемна позитивна дискриминација, односно, поддршка на младите културни творци и учесници во културата, со тоа што се фаворизираат на нејасен начин во самите критериуми на конкурсот. Истиот е целосно проблематичен во однос на ова, но и заради другите проблематични услови, што ќе предизвика големи проблеми, за што ќе бидеме сведоци наскоро, откако ќе бидат соопштени резултатите на почетокот на следната година и ќе почнат приговорите. Дури и културните работници блиски на владејачката партија го критикуваа. Напоменуваме, се работи за поединци и институции кои долги години реализираат културни активности и проекти, па можат да дадат мериторна оценка. За жал, во тој момент Министертвото и Владата се оглушија, истото не доби доволно медиумско внимание, што не значи дека ќе биде така кога ќе се видат резултатите, велат од Комисијата за култура на ВМРО-ДПМНЕ.