Овој прв Боинг 777 денеска е користен од многу компании ширум светот.

Меѓутоа, сега после толку години летање, првиот 777 ќе го има својот последен лет, и тоа до Музејот на воздухопловството во Аризона, каде ќе биде „пензиониран“ како врвна туристичка атракција.

Овој модел, 777-200, со ознака Б-ХНЛ, бил на производствена лента во 1994 година, по што конечно бил пуштен во комерцијална употреба за авиокомпанијата „Катеј пацифик ерлајнз“ во Хонг Конг во 2000 година.

Низ годините во „Катеј пацифик“, имал 20.519 летови. Тоа се блескави 49.687 часа лет. Авионот е повлечен од служба во мај 2018 година.

Боинг во моментов работи на ново издание на 777-777-9 кој би требало да полета до 2019 година. Од компанијата истакнуваат дека оригиналниот 777 има посебно место во историјатот на авиокомпанијата и комерцијалната авијација воопшто.

Музејот во Аризона е сон за секој авијатичар. Во него се сместени 150 авиони, а уште 150 на отворено. Има експонати од некои од најпознтите летала. Посетителите можат да го посетат и познатото место каде што “авионот умира”, кој опфаќа повеќе од 2.600 хектари.