Подигната е новата црквичка во Тафталиџе, што ќе се наоѓа во дворот на хотелот „ТЦЦ Плаза“, веднаш до Веро 2.

Црквата, којашто е донација од Борис Стојменов направена е од дрво, а на неа има позлатена купола која е донесена од Русија.

По комплетирање и уредување на просторот околу црквичката таа ќе биде збогатена и со икони.