Друштвената мрежа фејсбук во неделата беше недостпна за некои корисници ширум светот. Ватсап и Инстаграм, двете во сопственост на Фејсбук, исто така некое време не беа достапни за корисниците.

Фејсбук за БиБиСи соопшти дека му е „жал за непријатностите“, но одбил да даде повеќе детали.

Фејсбук го дожевеа еден од своите најдолги прекини во март, кога некои корисници во делови од светот се соочија со потешкотии во пристапот кон Фејсбук, Инстаграм и Ватсап повеќе од 24 часа.

Од компанијата тогаш за причината за падот на мрежата изјавија дека е поради „промената во конфигурацијата на серверите”.