Долго се веруваше дека Марс геолошки е мртов, но последните десетина години се повеќе податоци укажуваат на тоа дека таму нешто се случува, а НАСА го откри и конечниот доказ.

Нивното роботско летало „ИнСајд“ регистрирало земјотрес на Марс, што е прв ваков забележан потрес на друга планета, изјавуваат од лабораторијата Џет Пропулсион од Калифорнија.


Ова се случува скоро пет месеци откако „ИнСајд“, првото вселенско летало посебно дизајнирано за проучување на длабоката внатрешност на планетата, слета на површината на Марс со што ја стартуваше две годишната мисија на Црвената планета.

Благиот потрес, за кои научниците од лабораторијата изјавиј дека веројатно станува збор за земјотрес, имал магнитуда 2,5 и забележан е на 6 април.

Научниците се уште ги анализираат податоците.

Високата фрекфенција и широкиот појас е како оној на земјотресите што е случуваат на Земјата. Затоа сме уверени дека тоа е „мрсотрес““, изјавил францускиот научник Филипе Логноне, професор по геофизика и планетарни науки“, задолжен за овој експеримент.

Денеска на Марс повеќе нема вулканизам, како главен извор на тектоника.