Навикнат да носи црвено, но овојпат Мохамед Салах стапна на црвениот тепих и се сретна со некои од познатите лица во Њујорк, каде прославуваше што се најде во списокот на 100 највлијателни луѓе во светот.

Салах со оскаровецот Реми Малек

Ѕвездата на Ливерпул присуствуваше во Линколн центарот, рамо до рамо со ѕвездите, вклучувајќи го и добитникот на Оскар Рами Малек, кој годинава ја освои наградата за филмот „Боемска рапсодија“ за фронтменот на бендот „Квин“, Фреди Меркјури како и ѕвездата на серијата „Игра на тронови“, Емилија Кларк.

Ѕвездата на Ливерпул се сретна со актерката од Игра на Тронови Емилија Кларк

На Салах му беше дадено слободно време од шефот на црвените, Јирген Клоп за да присуствува на церемонијата, а ќе се врати на време за дуелот на домашен терен на Ливерпул против Хадерсфилд во петок вечер.

Египќанецот се сретна со американскиот комичар Џими Фелон

Откако минатата недела беше именуван на листата „100 највлијателни“, Салах даде инспиративен говор во кој повика на подобар третман на жените ширум светот.

Треба да го смениме начинот на кој ги третираме жените во нашата култура, така мора да биде, тоа не е опција“ – рече тој.