Две летувања надвор од сезона чинат во просек околу 400 евра, а исто толку чини и едно во сезона. Заради пристапните цени летувањето во јуни и септември, но и фактот дека стариот одмор мора да се искористи до крајот на јуни, многумина се одлучуваат да ја искористат приликата два пати да заминат на море, а најчесто тоа е Грција.

Прашањето е сепак, каков е квалитетот на две летувања по цена на едно навор од сезона за разлика од тоа во сезона ?

Летувањето во јуни и септември носи со себе одредени ризици, не можете да бидете сто отсто сигурни дека временските прилики ќе бидат идеални, како ни дека температурата на водата ќе биде топла, но на некои тоа и не им е важно.

Две туристички агенции ни потврдија дека најбрзо се продаваат аранжманите за јуни и септември, а како одминува годината така се пополнуваат термините и за јули и август.

„Ви јуни напопуларен е Халкидики, па така пакет аранжман со сместување и автобуски превоз во Ханиоти може да се најде до 100 евра по лице, додека цените за во септември се нешто поскапи и летувањето може да чини до 150 евра“, велат од една скопска туристичка агенција.

Цените во Паралија и Лептокарија се нешто поповолни, па постојат аранжмани и за помалку од 100 евра.

Халкидики е во просек за 100 евра поскап ако се летува во сезона, а островите не отстапуваат премногу со цените надвор и во сезона, посебно ако е вклучен и авионски превоз.

Линдос, на грчкиот остров Родос

Ако сакате да летувате во сезона и да го обиколите, на пример Скијатос или Родос летувањето ќе ве чини сигурно 400 евра по лице. Сепак, ако се одлучите на едно летување во јуни и едно во септември на Халкидики, двете летувања ќе ве чинат колку едно на остров во сезона.