Штетите од пожарот во Јуниверзал студиос во Њујорк во 2008 година се изгледа многу поголеми отколку што досега се изнесуваше јавно. Ова се тврди во напис на „Њујорк тајмс“ кој дошол до тајни документи од истрагата по што заклучува дека станува збор „за најголема катастрофа во индустријата на модерната музика“.

Пожарот се случи на 1 јуни 2018 предизвикан од една поправка на покривот за време на снимање филм. Пожарот зафатил и депо каде се чувале видео и аудио материјали. Никогаш не е соопштено колку материјали се уништени во пожарот. Сепак официјално се кажува дека нема детална листа на материјалите, но и тоа дека ништо позначајно не отишло во пепел.

Изгледа не било токму така, барем според „Њујорк тајмс“, кој објавува дека изгореле околу 500.000 песни. Меѓу нив и на Нил Дајмонд, Кет Стивенс, Нирвана, Снуп Дог и Ерик Клептон. Според весникот, изгореле и песни кои никогаш не биле објавени, односно оригинали.