Познатиот српски јутубер Бака Прасе е пред истрага во Србија за недоличните содржини кои ги објавува на социјалните мрежи. Се покрена и петиција неговиот профил да биде исклучен.

Богдан Илиќ пред истражните органи ќе треба да докаже од каде му се парите со кои се фали, Ламборџинито кое го вози и кое чини 100.000 евра.

Илиќ има 26 години и е дете на српски свештеник и има големо популарност меѓу тинејџерите на Балканот.

Сомнежите се дека е контролиран од странски служби а српските медиими тврдат дека има и врски со криминалот. Наводно, Прасе му плаќал рекет од 10.000 евра на познатиот Веља невоља.