„Промената во конфигурацијата на серверите” е причината за најголемиот прекин во историјата на Фејсбук, каде што апликациите престанаа да работат низ целиот свет. Проблемот се појави во средата, а компанијата не ги откриваше причините цели 24 часа, по што конечно се огласи со објаснување и и звинување до корисниците.

„Како резултат на конфигурацијата на новите сервери, многу корисници имаа проблеми со нашите апликации и услуги. Ние го решивме проблемот и нашите системи се опоравуваат. Многу ни е жал за проблемите и ние сме благодарни за вашето трпение”, се вели во објавата од компанијата Фејсбук.

Проблемите со мрежата траеше најмалку 12 часа во многу области низ целиот свет, со најголемо влијание во Северна Америка и Европа. Се верува дека тоа бил најголем дефект во историјата на Фејсбук, каде сега има околу 2,7 милијарди корисници само на главната социјална мрежа, како и на Инстаграм и апликацијата за пораки.