Канадскиот секс симбол во женскиот тенис Џени Бушар лаконски ги прокоментира појавените гласини дека паузира со својата кариера, откако го откажа учеството на неколку турнири.

Лажна вест, напиша на твитер 25-годишната Бушар, која на ВТА листата падна на 76 место, а најдобрата позиција и беше петтото место во светот.

Минатата година таа одигра 13 натпревари од кои победи на само шест. На последните два турнира во Индијана Велс и Мајами Канаѓанката отпадна уште на самиот старт.