Ретка видео снимка од настап на Битлси во живо на ТВ емисија во БиБиСи, која трае 11 секунди, пронајдена е кај приватен колекционер од Мексико. Снимката настанала така што гледач од Ливерпул во 1966 година го снимал настапот со камера од својот телевизор.

„За љубителите на Битлси ова е „свет грал“. Мислевме дека снимката е засекогаш изгубена. Неверојатно е што е пронајена после толку години“, изјави претставник на британскиот сервис, Крис Пери.

Снимката ќе биде емитувана на 20 април на БиБиСи во склоп на емисијата „Музиката за која се верува дека исчезнала“, заедно со епизодата „Топ од д’попс“ од 1969 година, во која Битлси го промовирале видеото за песната „Samting“.