Тешка сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ пред Сити мол. Во незгодата превртено е комбе форд со охридски ознаки, Сообраќајот е блокиран, а увидна екипа на МВР е на теренот. Не е дозволен пристап.

Како што изјави портпаролката на МВР за „Република“ во сообраќајката се повредени две лица, кои веднаш биле пренесени во Ургентниот центар.
Увидот е во тек, повеќе информации во текот на денот.