Тешка сообраќајна несреќа вечерва се случи на булеварот „Мајка Тереза“, пред влезот на Клиничкиот центар.

Според информациите на Курир од терен, во несреќата учествувале неколку возила.

Неофицијално, судирот се случил меѓу два автомобили, по што оштетени биле и паркирани возила.

Првично и неофицијално, неколку лица се пожалиле на полесни повреди, но засега нема официјална потврда.

Повеќе детали очекуваме наскоро од МВР.