Регионалната ТВ во Кавадарци на социјалните мрежи објави фотографии од несреќата што утрово се случи кај Росоман, во која загинаа две лица, а тројца се тешко повредени повредени.

Регионалната ТВ во Кавадарци на социјалните мрежи објави фотографии од несреќата што утрово се случи кај Росоман, во која загинаа две лица, а повеќемина се повредени.

Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави за МИА доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.

Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.

Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.

Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.